Анадолу Ефес се засили со НБА шампион

Актуелниот европски првак Анадолу Ефес донесе големо засилување во пресрет на остатокот од сезоната.

Турскиот гигант во своите редови го ангажира Елајџа Брајант. Се работи за кошаркар кој изминатата сезона стана НБА првак со Милвоки Бакс.

26-годишникот доаѓа во Истанбул за да помогне тимот да остане не врвот на Европа. Во најсилната лига на светот запиша просек од 2,7 поени на седум минути минати на паркетот.

Стартот на новата сезона во Евролигата за Ефес не е сјаен. Екипата на Ергин Атаман има четири порази на исто толку натпревари.