• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија шеснаесеттата титула во првенството на Турција, откако во третиот натпревар од финалната серија како гости ја победија Каршијака со 74-83, (27-28, 19-20, 17-16, 11-19) и така стигнаа до 3-0 во серијата.
Во решавачката победа на Анадолу Ефес се истакна Василије Мичиќ со 29 поени, Шејн Ларкин додаде 15, Родриге Бубоа 11, а Амат Мбаје 10 поени. Кај домашниот тим најефикасен беше Вито Браун со 21 поен, а Ерик МекКолум постигна 18 поени.
Ергин Атаман триумфално се прости од клубот со кој двапати (2021 и 2022 година) ја освои Евролигата и четири пати титулата турски првак. Атаман од следната сезона ќе биде тренер на Панатинаикос.