Анадолу Ефес го распушта тимот по елиминацијата од Бешикташ

Анадолу Ефес влегува во лето на сериозни промени, откако тимот беше елиминиран во полуфиналето на турската лига од страна на Бешикташ. Според најавите, неколку клучни имиња би можеле да го напуштат клубот.

Како што објави порталот „BasketNews“, Елајџа Брајант и Ден Отуру веќе постигнале договор со новиот евролигаш Хапоел Тел Авив. Веста ја пренесе и израелскиот новинар Мозес Барда, кој истакна дека:

„Иако двајцата уживаа во Истанбул и сакаа да останат, понудите од Хапоел беа премногу добри за да се одбијат.“

Во пресрет на новата сезона, Анадолу Ефес ќе го предводи српскиот стратег Игор Кокошков, кој по ангажманот во Фенербахче, повторно ќе седне на клупа на евролигаш од Турција.