ВИДЕО: Анадолу Ефес доминантно до Суперкупот на Турција

Новата сезона во турската кошарка започна со очекуван дуел на ривалите од Истанбул, Анадолу Ефес и Фенербахче. Во соочување за Суперкупот на Турција, „пиварите“ беа поуспешни и го возвратија ударот за поразот во финалето на плеј-офот во јуни.

Актуелниот европски шампион по тринаесетти пат е победник на Суперкупот на Турција, откако славеше со 71-62. Момците на Ергин Атаман на полувреме водеа со 42-23, но во последниот квартал Фенер на Итудис ја преполови разликата и дојде до чесен пораз. 

Хрватскиот репрезентативец Анте Жижиќ постигна 22 поена и беше прогласен за МВП, а Василије Мициќ запиша 16 поени со 9 асистенции. Кај Фенербахче, Хејс беше автор 13 поени.

Следната недела почнува турската Суперлига, а наскоро ќе биде означен стартот и на Евролигата.