• Саше Љолес
Плејмејкерот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, добил незгодна повреда на евролигашкиот натпревар против екипата на Олимпија Милано и ќе мора да отсуствува од терените во следните четири недели, јавија турските медиуми.
Американско-турскиот плејмејкер е еден од предвониците на тимот, а сезонава има просек од 16,8 поени во домашното првенство и 10,8 поени и 5,4 асистенции во Евролигата. На вчерашниот меч со Милано имаше скромен учинок од само два поени, но тоа не беше случај во дуелот со Олимпијакос, кога постигна 24 поени и го водеше тимот кон триумфот.
За 32-годишниот Ларкин ова е веќе седма сезона во Анадолу Ефес, а европската кариера ја започна во екипата на Басконија, каде пристигна во сезоната 2016/17.