• Саше Љолес

Екипата на Шкупи прикажа солидно издание и оствари победа против Чаир 2030 (94-86) во натпреврот од 14. коло во Првата македонска кошаркарска лига.
- Комплетниот натпревар помеѓу Шкупи и Чаир 2030:
Ривалите одиграа по една одлична четвртина, прво удар зададе домаќинот, а потоа Чаир успеа да возврати и на паузата резултатот гласеше 48-45. Гостинскиот тим стигна до егал ситуација после третата делница, а во завршните десет минути приматот одново му припадна на Шкупи, кој го доби овој период со осум поени разлика и на крајот славеше со конечни 94-86.
Најефикасен во победничкиот тим беше Секој Сила со 28 поени и 19 скока, додека на спротивната страна 25 поени постигна Диванте Мофит, а само поен помалку додаде Ајзеа Кели.