• Горан Упале
Кошаркарскиот „дрим-тим“ на Соединетите Американски Држави одново ќе биде на едно место. Главен фаворит за освојување на златниот медал на Олимписките игри во Париз ќе биде репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, која во Франција ќе допатува со неверојатно силен тим.
Кошаркарската асоцијација на Соединетите Американски Држави го објави списокот од 41 играч кои конкурираат за тимот пред најголемото спортско шоу во светот, а на него се најпознатите имиња на НБА.
На пример, тука се ѕвездите како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Стивен Кари, како и носителот на титулата МВП од минатата сезона и еден од главните конкуренти за освојување на оваа награда и оваа година, Џоел Ембид.
The Paris Player Pool
USABMNT pic.twitter.com/OWIml1e8Rt
— USA Basketball (@usabasketball) January 23, 2024
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освојуваа златото на сите Олимписки игри од 1992 година до денес, освен во Атина во 2004 година, кога Аргентина беше најдобра.