Американскиот центар Адреин Пејн потпиша за Панатинаикос

Грчкиот шампион Панатинаикос значително се засили за вториот дел на сезоната, откако потпиша со Адреин Пејн. Американскиот центар доаѓа како слободен агент, откако минатата недела Орландо одлучи да го раскине договорот со него.  

26-годишникот кошаркар пред да го облече дресот на „магичните“, настапуваше и за Атланта и Минесота. Сезонава одигра само пет натпревари со просек од 4.2 поени. 

Пејн се обврза на договор до крајот на сезоната со „детелинките“ на Чави Пасквал и веќе оваа недела се очекува неговото деби во зелениот дрес.