Американски плејмејкер ќе ја добие „диригенската“ палка во Работнички

Откако пред неколку дена тренерот Димитар Мираковски најави дека Работнички допрва ќе ги претстави своите најголеми засилувања за вториот дел од сезоната во Првата лига, денес пристигна првото име го „Градски Парк“. 

<<< ПОВРЗАНО - Мираковски: Само што започнавме со засилувањата, ќе бидеме многу посилни

Редовите на македонскиот вицешампион ги засили американскиот плејмејкер Дамиер Питс, кој во Работнички доаѓа од унгарски Шопрон, каде настапуваше во последните шест месеци. 

30-годишниот Американец игра на позиција плејмејкер, а зад себе има долгогодишен багаж играјќи ширум Европа. 

Вториот дел од сезоната Работнички го започна со сигурна победа над Куманово од 77-72.