• Горан Упале
На натпреварот меѓу неговиот Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс, Никола Јокиќ повторно ги помести границите на кошарката и покажа дека небото е неговиот плафон.
Српскиот центар одигра натпревар за кој ќе се зборува со месеци: 55 поени, 12 скока, 6 асистенции, со неверојатни 18/23 шутеви од поле и пет погодени тројки од шест обиди. Сето ова за 34 минути на паркетот, со индекс плус/минус од +28.
Сепак, она што особено го одбележа овој натпревар не беше само нереалната статистика, туку првата четвртина во која Јокиќ буквално го уништи својот ривал. Тој постигна 25 поени за само 12 минути игра и направи нешто што не е видено оваа сезона во НБА лигата. Клиперси немаа одговор за него, па се обидоа со побрзи центри, агресивни удвојувања, промени на ритамот, но Јокиќ ја читаше секоја одбрана како отворена книга.
Во првата четвртина при една транзицијата, Јокиќ го истрча целиот терен, прими совршена топка од Мареј и заби под бучавата на трибините, „искривувајќи го обрачот“ во свој стил. Сепак, она што стана хит беше реакцијата на еден американски коментатор.
„Јокиќ трча како коњ! Јиии–хааа!“
Овој коментар вендаш се рашири на социјалните мрежи, бидејќи сите знаат колку Никола ги сака коњите, а таа реченица само дополнително ја нагласи неговата единствена врска помеѓу спортот и животот надвор од теренот. Сепак, мал дел од јавноста смета дека таков коментар е малку несоодветен, со оглед на тоа што може погрешно да се протолкува.






