Американски бек со НБА искуство е новото засилување на Будуќност

Американскиот кошаркар Скајлер Мејс е нов играч на црногорскиот Будуќност, јави управата на клубот. 

Мејс доаѓа во Подгорица после настапите во Џи лигата, каде минатата сезона го носеше дресот на Ајова Вулвс. Претходно играше и за актуелниот европски шампион, Фенербахче, а во своето портфолио ги има уште Лос Анџелес Лејкерс, Портланд Треилблејзерс и Атланта Хоукс. 

27-годишниот Мејс ги покрива бековските позиции и се очекува да биде повеќе од солидно засилување за екипата на Будуќност.

Минатата година во дресот на Фенербахче просечно добиваше по 18 минути на паркетот и бележеше учинок од 7,4 поени, 3,1 асистенција и 2,9 скокови по натпревар.