Американски бек-шутер со НБА искуство ја засилува шпанската Басконија

Американскиот кошаркар Трент Форест е најновото засилување за шпанскиот евролигаш, Басконија, објавија од управата на клубот. 

26-годишниот Форест со клубот од Виторија потпиша договор до 2026 година, а ова за него ќе биде прв ангажман во Европа, откако претходно настапуваше за Јута Џез и Атланта Хоукс од НБА лигата. 

Минатата сезона во дресот на Атланта имаше скромен просек од 2,2 поени и 1,3 скока, но се очекува да има далеку подобар учинок под водството на славниот Пабло Ласо. Басконија претходно се засили со Донтa Хол, Тимоти Луваву и Камар Болдвин.