• Зоран Мишевски
Американскиот кошаркар Џон Гилон е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денес потпиша договор со скопскиот клуб со важност до крајот на сезоната.
Станува збор за искусен 29-годишен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката на Седрик Расел. Во нашите редови доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за прволигашот Пиено, а претходно играше за турска Дарушафака, унгарскиот тим Алба Фехервар и за две екипи од Тајван.
Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година беше дел од три екипи од развојната Џи лига, а универзитетската кариера ја мина на три колеџи и тоа настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.
Гилон се очекува неделава да пристигне во Скопје, каде што ќе има доволно време за аклиматизација со оглед на паузата во првенството. Неговото деби се очекува на средбата против Феникс 2010 закажана за 3 март.