• Иван Димовски
Кошаркарките на Соединетите Американски Држави го продолжија патот до одбраната на златниот медал на Олимписките игри. Американките се пласираа во полуфиналето откако сигурно ја совладаа Нигерија со 74-88.
Веднаш уште на почетокот фаворитките се наметнаа и покажаа за што се дојдени. Во првата четвртина тие успеаја да дојдат на двоцифрена предност. Нигеријките имаа обид за резултатско враќање до полувремето, пријдоа до „минус четири“, ама тоа беше сè. На одмор се замина со висока американска предност од 33-52.
Целосно беше разбиена дефанзивата на Нигерија, Соединетите Американски Држави направи огромна предност која достигна максимални 30 разлика во третиот период. Африканските кошаркарки во последниот период ја искористија незаинтересираноста на ривалките, па го ублажија поразот до прифатлива маргина.
Аја Вилсон со „дабл-дабл“ од 20 поени и 11 скока беше најдобра на паркетот, додека Амукамара од Нигерија уфрли еден помалки.
Во полуфиналните натпревари в петок ќе играаѕ САД - Австралија и Белгија - Франција.