• Зоран Мишевски

Кошаркарката на Крива Паланка, Аби Ниехуес го доби најголемото индивидуално признане во оваа финална серија од плеј-офот која го даде новиот шампион.
Беше прогласена за најкорисен играч во финалата серија, Апсолутно заслужено ако се земат в предвид не само оние статистички податоци, туку многу повеќе придонесот кој го даде во реализацијата на планираните цели на клубот од Крива Паланка. И во последниот, и решавачки натпревар американското крило имаше одлични бројки.
На теренот остана скоро 35.минути во кои дојде до ефект изразен со реализација на 22.поени (7/13 во обидите за два поени и 8/10 од линијата за слободни фрлања).
Но имаше и дури 17.скока (седум офанзивни), и три блокади пред да ја направи петтата лична грешка, И да дојде до индекс 32, најмногу од сите кошаркарки кои беа вечерва на теренот во финалниот меч од сезоната.