Американецот Тајшон Комер ги засили бековските позиции на ТФТ Скопје

Македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје донесе ново засилување во своите редови. Се работи за Американецот Тајшон Комер - динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух.

Комер има одличен преглед на играта, игра во високо темпо и знае како да ги контролира натпреварите. Зад себе има значајно искуство, а во ТФТ веруваат дека неговата енергија и квалитет ќе бидат огромно засилување за нивната бековска линија.

Комер оваа сезона се истакна како еден од најдобрите кошаркари на Универзитетот Невада, завршувајќи како трет стрелец на тимот со просек од 12,5 поени по натпревар, прв по асистенции со 3,7 по натпревар и четврти по бројот на украдени топки (20).