Американецот Пејџ „слета“ меѓу „соколите“!

Македонскиот претставник во АБА-лигата, Карпош Соколи, во своите редови донесе нов странски кошаркар. Тој во тимот на „соколите“ ќе биде замена за Дувњак, кој пред извесен период си замина од главниот град.

Се работи за Американецот Џејсиан Пејџ (22 години, 188 см.), кошаркар кој игра на двете бековски позиции. За Пејџ ова е прва европска сезона, која ја почна во германскиот второлигаш Етингер рокетс.

Претходните две години, тој беше носител на играта на Универзитетот Вест Вирџинија, каде што во последната сезона имал просек од 14,3 поени.

Американецот се очекува да пристигне во Скопје во текот на следните денови, што значи дека нема да биде во составот на „соколите“ на утрешниот меч против Цедевита, туку ќе дебитира на гостувањето кај Задар во Хрватска наредното коло.