• Саше Љолес
Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на деветтото коло од Евролигата, објави денес веб-страницата на натпреварувањето.
Џејмс постигна индекс на корисност од 37 во победата на Монако во Белград над Макаби (112-107) по продолжението.
Кошаркарот на Монако постигна 34 поени против Макаби, имаше и седум асистенции, шест скока и две украдени топки, а врз него беа направени дури девет фаули.
Во натпреварот против Макаби, Џејмс стана и најкорисен кошаркар во историјата на Евролигата. Американецот сега има вкупен индекс на корисност од 5,617, со што сега го надмина Нандо Де Коло од Асвел, кој има 5,587.








