Американецот Кинан Еванс големо засилување за Игокеа

Стандардниот АБА-лигаш Игокеа од Александровац доведе големо засилување за следната сезона. Нов член на Игоека е 191-сантиметар високиот Кинан Еванс. Тој студираше на универзитетот Тексас Тек и минатата сезона настапуваше за развојната екипа на Мемфис Гризлис

Новиот плејмејкер на Игокеа има 23 години и важи за голема перспектива. Тој треба да го подигне нивото на екипата од Александровац која може да биде „нагазна мина“ за секој член на Јадранската лига.

Претходно Игокеа го доведе хрватскиот ветеран Марко Томас, а од оваа сезона екипата ќе ја води поранешниот тренер на Црвена Звезда и Лиетвус Рутас, Александар Трифуновиќ.