• Зоран Мишевски
Израелскиот кошаркарски гигант Макаби го доведе во своите редови Американецот Ендрју Гудлок.
Тој во Европа настапуваше за Уникс Казан и Фенербахче Улкер, а негов последен клуб беше тимот на Хјустон Рокетс. Макаби претходно потпиша со Цирбес од Црвена звезда и Сони Вимс и ќе биде сосема поинаква екипа во Евролигата следната сезона.
Не се познати деталите но Гудлок ќе биде еден од најскапоплатените кошаркари во Европа.