Американецот Двејн Бејкон потпиша за Панатинаикос

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос објави вест со која ги израдува своите фанови, за постигнат договор за соработка со Двејн Бејкон.     

27-годишниот Американец потпиша двегодишен договор со „детелинките“ од Атина. Минатата сезона Бејкон играше за Монако, со просек од 14 поени во натпреварите од Евролигата. Во септември 2022 година Бејкон потпиша со НБА-лигашот Лос Анџелес Лејкерс, но во октомври договорот беше раскинат и играчот се врати во Европа.

Бејкон ќе може да дебитира во Европа веќе в четврток на натпреварот против Макаби Тел Авив во Израел.

На почетокот од сезоната екипата на Дејан Радоњиќ не блесна во Евролигата и има една победа на четири натпревари.