Американецот Девин Брукс ќе ја организира играта на АВ Охрид

Составот на АВ Охрид по низата разделби со дел од играчите, денес донесе ново засилување, откако ја официјализираше соработката со интернационалецот од САД, Девин Брукс.

Охриѓани информираа дека 25-годишниот плејмејкер веќе се приклучил кон клубот и од него се очекува да ја пополни испразнетата позиција по заминувањето на Младеновиќ во Радовиш.

Брукс доаѓа од американската развојна Д-лига, каде што настапувал за Винд Сити Булс, додека во Европа играше во Естонија за тимот на Рапла.