Американец со АБА-искуство ново засилување на Гостивар

Кошаркарската екипа на Гостивар се пофали со ново засилување за новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија

Нов член на гостиварчани е Ејасу Ворку кој по потекло е од Соединетите Американски Држави. Кошаркарот кој настапува на бековските позиции се очекува да биде еден од организаторите на играта, а во Гостивар доаѓа од редовите на Задар

Ворку има искуство во АБА лигата и хрватското првенство со Задар. Претходно, тој беше член на УЦ Ирвин Антеатерс, со кој четири сезони се натпреваруваше во НЦАА развојната лига во Соединетите Американски Држави. Ворку се очекува да биде сериозно засилување, за тимот со високи амбиции.