Американец од Универзитет Охајо го засили Феникс

Екипата на Феникс 2010 од Скопје го престави првото летно засилување. Тоа е американскиот кошаркар Мајлс Браун, кој виолетово-жолтиот дрес ќе го облече по настапите за силниот Универзитет Охајо.

23-годишникот ги покрива бековските позиции и важи за исклучително добар кошаркар на двата дела од теренот.

Претпознатлив е и по одличниот шут зад линијата 6,75 метри, сегмент од играта од каде бележи 44%, односно 42% успешност во последните две сезони.

Изминатата сезона настапи на 23 натпревари за својот Универзитет, од кои 17 како дел од почетната петорка, бележејќи просек од 9.7 поени, 3.8 скокови и 1.9 асистенција по натпревар.