• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Пелистер остана без двајца американски кошаркари кои настапуваа во првиот дел од сезоната.
Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија повеќе не се дел од зелено-белиот табор.
Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел од нашиот клуб.
Управата им се заблагодарува за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите, воедно посакувајќи им многу среќа во следните предизвици.












