• Горан Упале
Koшаркарската селекција на Соединетите Американски Држави ја продолжи доминацијата на ЛОИ, откако освои златен медал и на Игрите во Париз. Следен ваков предизвик за „дрим-тимот“ ќе бидат ЛОИ на свој терен, во Лос Анџелес. Но, таму моќниот тим на САД ќе биде без неколку големи ѕвезди.
Селекторот Стив Кер се повлече, а најверојатно негов наследник ќе биде, тренерот на Мајами Спелстра кој беше во стручниот штаб. Сигурно е дека во 2028 нема да настапат Леброн, Кари, Дејвис, Дурант и Ембид, но американските медиуми сметаат дека поголемиот дел од тимот од Париз ќе биде таму за четири години.
Букер, Адебајо и Тејтум ќе имаат околу 30 години, тука се и Ентони Едвардс, Халибартон Јуниор, во тој тим треба да се очекуваат и Бренсон и Џејлен Браун. Има и плејада помлади играчи кои ќе го преземат товарот, како Банкеро, Чет Холгрен, Џејлен Вилијамс, Тајрис Макси, а можеби ќе се врати и Донован Мичел.
Секако дека во следните четири години ќе пристигнат нови играчи во НБА. Американците типуваат на Купер Флег од Дјук, кој има само 17 години, и најверојатно ќе биде прв пик на драфтот наредното лето. Интересно, тој тренираше со „дрим-тимот“ во текот на летото.