ВИДЕО: Американците победија со +35 и со само 23,9% на шутот!

Нова егзибиција и победа на бранителот на олимпиското злато на машкиот кошаркарски турнир во Рио, селекцијата на САД. „Дрим-тимот“ на Мајк Кжижевски во Портланд ја победи Венецуела со 80-45 во меч со многу слаб просек на шутот од само 23,9% (16 од 67 погоден шут).

Селекторот на САД шанса им даде на сите кошаркари, а Кајр Ирвинг и Клеј Томпсон со по 13 поени беа најефикасни во американската селекција. Ротација која ја направи стручниот штаб ја подели минутажата на сите 12 кошаркари, а Јужноамериканците само во првата половина од мечот имаа простор за рамноправен натпревар.

В понеделник во Хјустон против Нигерија, Американците го играат последниот тест меч пред Олимписките игри. Претходно САД по двапати ја совладаа Аргентина и Кина во тест мечеви.