Американците не се непобедливи: Поразот од Австралија прв по 2006 година

САД

Грег Попович и неговите кошаркари добија сериозно предупредување пред почетокот на Светското првенство.

Поразот од Австралија за нив значи дека не се непобедливи и дека нема да се прошетаат до златниот медал на светскиот собир. Овој неуспех за „дрим-тримот“ составен од НБА играчи е прв по далечната 2006 година.

Тогаш, Грција пронајде решение за екипата предводена од Леброн, Кари, Дејвис и Дурант и ја елиминира во полуфиналето на Мундобаскетот.

Ваквиот резултат дополнително ја зголемува самодовербата кај репрезентации како Србија, Австралија, Грција и Шпанија кои се надеваат дека ќе се изборат за висок пласман на СП.

Првенството во Кина започнува на 31 август и сигурно ќе донесе неизвесност и изедначена борба за медалите.