Американците не ни знаат за СП: Медиумите опседнати со други спортови

САД кошарка

Американската репрезентација е фаворит и бранител на златото на Светското првенство во Кина.

И додека во сите други учеснички на светскиот собир будно се прати секој потег на кошаркарите, во САД нема голем интерес за турнирот. Престижните медиуми како „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон Пост“ немаат напишано задоволителен број вести поврзани со играта, формата и очекувањата од „дрим-тимот“. 

Единствено може да се каже дека „ЕСПН“ пишува за победите на националниот тим, но тоа е се. Никакви изјави и други поврзани вести, особено не со останатите репрезентации, не се интересни за читателите.

Од сето ова може да се заклучи дека американската јавност баш ја „боли уво“ дека кошаркарите играат за злато во Кина...