Американците на Работнички му донесоа четврта победа во низа

Екипата на Работнички продолжи да победува на домашната сцена. Тимот славеше над Чаир 2030 пред својата публика (87-84) и така врза четири победи во низа во најдобриот кошаркарски шампионат.

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Чаир 2030:

Гостинот од Чаир скапо ја продаде кожата, затоа што мечот се реши во последните секунди. Имаа центарци мака во нападот, но најдоа решение благодарение на Алтсон, Хатсон и Томпсон, кои ги постигнаа сите 15 поени за најтрофејниот македонски колектив во последната четвртина и имаа мирна рака од линијата за слободни кога се решаваше дуелот.

Најдобар стрелец на мечот беше Џејкоб Хатсон кој оствари „дабл-дал“ од 31 поени, 13 скока и една асистенција, пред Стојан Ѓуроски со 19 поени и капитенот Виктор Ефремовски со 16 поени, двајцата беа двигатели на играта на центарци во останатите четвртини.

Кај Чаир 2030, најмногу се истакна Џејлин Билингслеј со 25 поени и осум скока, пред Ламар Четмен со 18 поени и 13 скока, додека „дабл-дабл“ учиноци имаа и Албин Рушити (14 поени, 10 асистенции) и Мухамед Тачи (12 поени, 11 асистенции).