• Мартин Танасковски

Екипата на Чаир 2030 со победа над Кожув (99-79) тргна во новата сезона од Првата македонска кошаркарска лига која стартува овој викенд.
Тимот на Рамадан имаше одлично второ полувреме во кое воден од американските кошаркари ја запиша победата. Кожув се држеше во мечот, но се распадна кога од резултат 58-57, му дозволи на Чаир да „експлодира“.
До крајот на третиот квартал, чаирчани обезбедија 70-59, а стартот на четвртиот период ги реши работите околу победникот. Одлучи серијата од 14-0 во која одличен беше Кели, а поддршка му беше Кирк.
- Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Кожув:
Мофит заврши со 26 поени, пред Кели со 22 поени и 13 скока, а кај Кожув не помогнаа 39-те поени на Стевановиќ.





