Американците ја совладаа Полска и како седми го завршија најлошиот Мундијал

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави го оствари најлошиот пласман во историјата на Светските првенства во кошарка. По елиминацијата во четвртфиналето од Франција, репрезентацијата на Грег Поповиќ загуби и од Србија во натпреварот за пласман, а денес во Пекинг ја совлада Полска со 87-74 во натпреварот за седмото место.

  • Извештај од натпреварот: 

Американците почнаа агресивно и во првиот дел се одлепија на двоцифрена предност. Следуваше период на игра без одбрани, а предноста не се спушташе на едноцифрена разлика до последните мигови од третиот период. Тогаш, полските шутери со серија на тројки дојдоа до -8 и малку драматика во последниот квартал.

Сепак, Американците пак влегоа во ритам и го добија натпреварот со 86-72. Најефикасни во победничкиот табор беа Мидлтон со 13, Харис и Мичел со 16 поени, а кај Полска позитивен натпревар одиграа Вачински со 17 и Понитка со 18 поени. Попович играше со девет кошаркари во ротација, бидејќи Смарт, Вокер и Тајтум не настапија заради повреди.

Од 14:00 часот Србија и Чешка го играат натпреварот за петтото место, а утре се играат натпреварите за медали.