• Горан Упале
„Дрим тимот“ на Соединетите Американски Држави го затвори кругот на полуфиналисти на кошаркарскиот олимписки турнир во Париз. Моќните Американци во последното четвртфинале без многу мака го совладаа Бразил со убедливи 122-87 и закажаа нов спектакл против Србија во полуфиналето.
Американците не потклекна ниту во единаесеттото одиграно олимписко четвртфинале. Впрочем, четата на Стив Кер на парискиот паркет понуди многу забава за публиката, налик на онаа од „Ол-стар“ натпреварите, а интересно е тоа што во листата на стрелците се запишаа сите дванаесет кошаркари, од кои половина имаа двоцифрен учинок.
Прашањето на победникот на овој дуел беше решен уште во првото полувреме. Во воведните десет минути Американците имаа водство од 12 поени (21-33), а клучната разлика ја направија во вториот квартал. НБА-тимот погодуваше речиси од секој напад, Леброн и Ембид се разиграа и понудија неколку атракции, па Бразил беше ставен во невозможна мисија – да брка 27 поени разлика во второто полувреме.
Секако дека пресврт не се случи. Американците доминираа и во останатите два четвртини и по шести пат во низа славеа убедлива победа над Бразил (122-87).
Букер со 18, Едвардс со 17 и Ембид со 14 поени беа најдобри во таборот на Соединетите Амерокански Држави, додека за Бразил блесна Бруно Кабокло со 30 поени.