Американците го „спакуваа“ Бразил, Чесите слават четвртфинале

Со победи на сите пет натпревари во двете групи од Светското првенство во Кина, репрезентацијата на Соединетите Американски Држави се пласираа во четвртфиналето и како најголеми фаворити за златото ќе ја започнат елиминационата фаза.

  • Извештај од натпреварот: 

Избраниците на Грег Попович две четвртини се мачеа со Бразилците во последниот натпревар од групната фаза, за во продолжението да експлодираат и да слават со убедливи 89-73.

Играта во одбрана во почетната фаза на третиот период ја направи разликата, па Американците се издвоија за финална победа од разлика. Бразикците се потпреа на шутот од далечина, но кога тој не проработи, неминовен беше убедливиот пораз. Највозрасните кошаркарски кај „кариоките“ целосно потфрлија. 

Најефикасни поединци во американскиот табор беа Тарнер и Вокер со по 16 поени, а кај Бразилците на Александар Петровиќ се истакна Витор Бените со 21 поен. 

Во четврфиналето, селекцијата на САД ќе се сретне со Франција, a поразот ги растажи Бразилците, но и Грците, кои се елиминирани од борбата за медали, а во четвртфиналето неочекувано се квалификуваа Чесите.