Американците ги „наплатија сметките“ и освоија ново олимписко злато

Иако почнаа со пораз американските кошаркари ги добија преостанатите пет дуели и четврти пат по ред се олимписки шампиони. Во динамично финале, тимот на Грег Попович ја совлада Франција со 87-82, и им се реваншира на „петлите“ за поразот во првото коло од групната фаза. Ова е првпат Американците да освојат олимписко злато со пораз на патот до него или вкупно шеснаесеттти најсјаен медал од деветнаесет олимписки турнири на кои најкошаркарската земја учествувала.

Натпреварот започна како оној во групната фаза. Американците имаа контрола, брзо се разигра Дурант, а го следеше и Тејтум. Предноста брзо стан двоцифрена, а максималнот беше +12 во првите две четвртини. Франција форсираше игра преку високиот Гобер, кој доминираше во рекетот, но се изнапромаши од линијата за слободни фрлања. На одмор се замина со 44-39 за момците на Попович.

Третиот период започна со нова серија на Дурант и максимални +14. Франција имаше одговор и преку Де Коло и Батум се доближија до -3. Сепак, „рафалите“ од достанца на американските ѕвезди пак ја оддалечија фаворизираната селекција. Задоцнет беше финишот на Фурние и Гобер и Американците славеа со 87-82. 

Најефикасни во табооот на новиот олимписки шампион беа Дурант со 29 и Тејтум со 19 поени, а кај Франција се издвоија Гобер со 16 и Фурние со 19 поени. За Дурант ова е трето олимписко злато, со што се изедначува со Кармело Ентони на вечната листа. 

Натпреварот за бронзениот медал меѓу Словенија и Австралија се игра попладнево од 13:00 часот.