• Зоран Мишевски
Американскиот кошаркарски ветеран Амаре Стадемаер во сезоната 2016/17 ќе го носи дресот на израелскиот Хапоел Ерусалим. Иако навидум изгледа чудно, сепак Американецот ќе настапува во клубот каде што е акционер уште пред десетина години.
33-годишниот Стадемаер неодамна најави дека ја заврши играчката кариера, но се одлучи да одигра најмалку уште една сезона во Европа. Со доведувањето на шесткратниот „Ол-стар“ учесник Хапоел добива големо засилување.
Претходно за клубот од Ерусалим потпиша и Кингси од Црвена Звезда.