• Сашо Поповски
Рускиот кошаркар Алексеј Швед од наредната сезона ќе ги брани боите на екипата на ЦСКА Москва.
По раскинот на договорот со Химки, плејмејкерот експресно се договори со „армејците“. Соработката е 1+1, односно 32-годишникот ќе преговара за уште една година на крајот од сезоната.
Димитрис Итудис добива уште едно одлично засилување. Швед сепак се очекува да не биде централна фигура во ЦСКА, како што беше во редовите на Химки.
Ова ќе биде втора етапа во московскиот гигант за искусниот руски интернационалец, кој во клубот ги мина младинските години.