Александра Стојановска се врати во редовите на ЖКК Бадел 1862

Македонската репрезентативка Александра Стојановска се врати во редовите на Бадел 1862. 

Кошаркарката ќе биде одлична адиција за тимот на „баделки“ во битката за висок пласман во македонската Прва лига. Таа по трансферот за клупскиот веб сајт изјави дека е среќна што се враќа во овој тим.

„Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред се, се да оваа сезона продолжи успешно и да сите останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула“, изјави Стојановска.

Стојановска од Бадел замина пред две сезони и прејде во редовите на Фламуртари во Албанија, а потоа се здоби и со повреда на скочниот зглоб. Сепак, сега се рехабилитира и ќе се врати на терените во македонското првенство.