Александар Петровиќ го напушти Куманово и ќе го води ФМП

Еден од нашите најдобри кошаркарски тренери, Александар Петровиќ од следната сезона ќе го преземе кормилото на ФМП Академија. Петровиќ се договори со скопскиот прволигаш и околу него ќе се врти проектот за изградбата на клубот, кој минатата сезона премиерно играше во елитната категорија. 

Александар Петровиќ го водеше Куманово до место во Суперлигата, до прекинот во шампионатот на Македонија. Битолскиот стручњак претходно седеше на клупите на МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и Пелистер. Неговото доаѓање значи и почеток на формирање на тимот за сезоната 2020/21.

Минатата сезона екипата на ФМП Академија ја водеа Гацов и Мирковски.

Новата сезона во мак-кошарката е предвидена за втората половина од месец септември.