• Иван Димовски
Александар Јончевски има нов клуб. Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација е назначен за нов тренер на Влазними од Ѓаковица, со што продолжува интернационалната кариера на искусниот македонски стратег.
Јончевски зад себе има богат тренерски стаж, а во Македонија работеше во МЗТ Скопје, Работнички, Кожув и Гостивар. Со МЗТ во сезоната 2015/16 ги освои шампионската титула и Купот на Македонија. Во странство има работено и во Спартак Суботица, Трепча и Башкими од Косово. Тој исто така работеше во полскиот Шљонск Вроцлав, а последниот ангажман му беше во унгарскиот Атомерому од каде замина минатиот декември.
Јончевски беше селектор на Македонија од 2021 до 2025 година, а во периодот на работа со националниот тим ја водеше репрезентацијата и во квалификациите за Евробаскетот.
Новото поглавје во кариерата го носи во Влазними, каде што ќе има задача да го предводи тимот во новата сезона и да ја продолжи успешната тренерска приказна надвор од македонската кошарка.