Александар Јончевски и следната сезона ќе го води гевгелиски Кожув

Иако во почетна фаза и многу срамежливо, македонските кошаркарски клубови започнаа да ги планираат следните чекори во перспектива на следниот шампионат на Македонија. Еден од тимовите со голем прогрес во последната сезона, Кожув од Гевгелија и во иднина ќе се потпре на младиот, но веќе искусен стручњак Александар Јончевски. 

Некогашниот предводник на МЗТ Скопје пред неполна една година дојде на местото на Павле Николов и ги задоволи потребите на клубот од Гевгелија. Покрај во МЗТ Скопје, Јончевски долго време работеше како помошник на Марин Докузовски во редовите на Работнички, а претходно беше дел од тимот на Спартак Суботица. 

Кожув од ростерот од минатата сезона остана без Трајковски и Стајиќ, кои потпишаа за Пелистер, но во следните неколку дена се очекува продолжување на договорите со останатите искусни кошаркари.