Александар Ѓорѓевиќ не е повеќе тренер на Фенербахче

Српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ повеќе не е тренер на Фенербахче, соопшти клубот од Истанбул.

За ваквиот расплет се шпекулираше подолго време, а потврдата за тоа стигна по завршувањето на турскиот шампионат.

Ѓорѓевиќ на Фенер му ја донесе титулата шампион на Турција, откако во финалната серија го совлада шампионот на Европа, Анадолу Ефес.

Наследник на српскиот стручњак на клупата на Фенербахче се очекува да биде Димитрис Итудис, сега веќе поранешниот тренер на ЦСКА Москва, клуб кој за нов предводник го назначи македонскиот стратег Емил Рајковиќ.