Алекса Аврамовиќ ги разреши дилемите и ја одбра Европа пред НБА лигата

Иако деновиве го поврзуваа со премин во Атланта Хоукс од НБА лигата, сепак, српскиот репрезентавец Алекса Аврамовиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на ЦСКА од Москва. 

Рускиот гигант инсистираше да го доведе кај себе плејмејкерот кој блесна со своите игри во дресот на Партизан и тој наскоро се приклучува на тимот кој секогаш има највисоки амбиции во силната ВТБ лига. 

Аврамовиќ имаше желба да се испроба во најсилната светска лига и да замине кај сонародникот Богдан Богдановиќ, но сепак ќе игра во рускиот гигант, каде се очекува да биде огромно засилување. 

Кариерата ја започна во Борац од Чачак, а потоа играше уште за Варезе, Малага, Естудијантес, ОКК Београд и Партизан.