Алекс Питерс го засилува грчки Олимпијакос

Алекс Питерс

Екипата на Олимпијакос одговори на неколкуте нови играчи во редовите на Панатинаикос и го претстави првото летно засилување.

Се работи за американскиот кошаркар Алекс Питерс. 27-годишникот лани играше за Басконија, а на Пиреја доаѓа како слободен агент.

Примањата на Американецот во грчкиот гигант ќе му носат 900 илјади евра годишно. Негов најголем успех во Европа е титулата во Евролигата со ЦСКА Москва пред три години.