Албес доведе уште едно засилување, Трајковски нов член на второлигашот

По Петар Велинов, кошаркарскиот клуб Албес доведе уште едно засилување во своите редови, во пресрет на новата сезона на Втората кошаркарска лига на Македонија

Станува збор за искусниот Стефан Трајковски, кошаркар со меѓународно искуство и 
калибар на играч кој го красат прецизните удари од далечина.

Трајковски, исто така има и долгогодишно искуство од македонските сали, а минатата сезона беше меѓу најдобрите кошаркари во втората лига, каде му помогна на КК Карпош Соколи да влезе во плеј-оф натпреварите.