ВИДЕО: Алба по продолжение ја совлада Валенсија и обезбеди „мајсторка“ за Еврокуп титулата

Во вториот финален натпревар од Еврокупот, кошаркарите на Алба Берлин на домашен терен ја совладаа Валенсија со 95-92 по продолжение и израмнија на 1-1, со што обезбедија „мајсторка“ за освојување на трофејот. Мечот во регуларниот дел заврши 83-83.

Првиот дел мина во изедначена кошарка и двата тима се менуваа во водство, а за нијанса подобри беа домаќините, кои на полувреме имаа предност од 42-39. До предноста Германците дојдоа благодарение на подобриот финиш на втората четвртина, кога на моменти имаа и највисоки +7 (40-33), но до крајот Шпанците успеаја да фатат резултатски приклучок.

По одморот и двата тима одиграа целосно израмнета четвртина, постигнаа по 20 поени и пред решавачките десет минути остана позитивата на Алба од +3 (62-59). Последниот квартал кошаркарите на Валенсија го започнаа со цврста одбрана и поведоа со +5 (66-71), на што домаќините возвратија и во финишот имаа предност од 78-77. Валенсија веднаш погоди тројка (78-80), a Пејтон Сива на три секунди до крајот постигна кош и обезбеди продолжение за својот тим (83-83).

  • Поените на Сива по кои Алба обезбеди продолжение:

Во дополнителните пет минути Алба отвори со серија од 6-0 и на крајот таа се покажа како пресудна за победа од 95-92. Најзаслужен за триумфот на Алба Берлин беше Рокас Гиедраитис со 17 поени, а Лук Сикма мечот го заврши со 15 поени. Кај Валенсија, Сан Еметарио постигна 22 поени на мечот, но на крајот недоволни за победа.

  • Извештај од натпреварот: 

Решавачкиот натпревар за освојување на титулата во Еврокупот се игра на 15 април, а победникот ќе добие и место во Евролигата за наредната година.