Алба направи серија од 9-2 и успеа да ја надигра Басконија

Алба

По три порази во низа Алба Берлин запиша победа во Евролигата и на домашен терен освои цел плен во дуелот со Басконија (95-91) во натпревар од 5. коло од тековната сезона.

Германската екипа тргна со негатива, но набрзо направи пресврт и уште во првата четвртина се избори за двоцифрена разлика. Падот на игра кај Алба беше очигледен пред крајот на полувремето, што го искористи гостинот за да застане во позиција да се бори за победа на оваа средба (45-44).

Далеку поефикасно надигрување донесе третата четвртина. Беа постигнати дури 57 поени, но прашањето околу победникот и натаму не беше одлучено. Екипата од Берлин повика тајм-аут при резултат 86-89, што беше одличен потег на домашниот тренер. Од тој момент противникот постигна само два поени, а Алба со позитивна серија од 9-2 стигна до конечен триумф.

Грејнџер со 21 и Ло со 19 поени беа најефикасни играчи кај домаќинот, а Полонара за гостите запиша 18 поени.