• Иван Димовски
Алба Берлин ја израмни серијата против Баерн Минхен и избори „мајсторка“, откако во четвртиот меч од германското финале слави со 71-61.
Домашната екипа во „Убер Арената“ во Берлин имаше повеќе нерви во завршницата и со подобар втор дел стигна до својата цел. Со оваа победа серијата продолжува, меѓутоа се сели во Минхен.
И на овој натпревар важна улога имаше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот на баварците уфрли 14 поени и беше најдобар поентер во својата екипа, меѓутоа не успеа да помогне да се дојде до позитивен резултат.
Решавачкиот натпревар во финалето на шампионатот во Германија се игра в недела во 16:30 часот.

