Алба го продолжи договорот со шампионскиот тренер

Тренерот на Алба, Израел Гонзалез го продолжи договорот со клубот од Берлин до јуни 2025 година.

47-годишниот Гонзалез минатата година ја презеде Алба, а претходните четири години беше помошник тренер во стручниот штаб на клубот од Берлин. Тој минатата сезона постави клупски рекорд од 12 победи и 16 порази во Евролигата, а со Алба го освои и германското првенство.

„Многу сум среќен што заедно го продолжуваме овој проект. Алба е голем клуб и јас сум многу горд што ќе бидам дел од овој тим и во иднина“, изјави шпанскиот стручњак по потпишувањето на договорот.

Пред да започне самостојна кариера, Израел Гонзалез беше „десна рака“ на Аитор Гарсија Ренесес.