Алба Берлин го продолжи договорот на Швеѓанецот Ериксон

Шведскиот кошаркар, Маркус Ериксон, официјално го продолжи договорот со германскиот евролигаш, Алба Берлин. Новата соработка ќе трае до истекот на следната сезона, јавуваат повеќе медиуми. 

Ериксон минатата сезона не играше многу поради честите повреди, а сега е навистина среќен што тимот му дал шанса и се надева на многу подобри изданија. 

„Бев близу до враќање на паркетот на крајот од минатата сезона, но не успеав. Драго ми е што имам уште една шанса за докажување и верувам дека ќе имам многу подобри изданија во претстојната сезона. Благодарност до управата и навивачите за довербата и поддршката“, изјави Швеѓанецот. 

Маркус Ериксон кариерата ја започна во Манреса, а потоа настапуваше уште и за Барселона и Гран Канарија. Во Алба Берлин пристигна пред четири сезони.